Германската влада смета дека истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, претставува „пресвртница за Европа“, изјави во петокот портперолот на германската канцеларка Ангела Меркел, во пресрет на заокружувањето на процесот на брегзитот во петокот на полноќ.
„Нема сомнение дека заминувањето на Обединетото Кралство од Европската унија денеска на полноќ е пресвртница за Европа“, изјави портпаролот Штефан Зајберт на редовната прес-конференција и повтори дека Берлин жали поради ваквата одлука.
„Сметаме дека Обединетото Кралство во иднина ќе остане близок партнер и пријател… Европската унија ни гарантира силен глас во светот кој постојано се менувана и решителни сме да тежнееме на тоа Европа да биде успешна приказна заедно со 26-те други држави членки“, истакна Зајберт.
Обединетото Кралство во петокот на полноќ ќе биде првата земја членка којашто ја напушти денешната Европска унија, по бурните 47 години членстви. Со тоа истовремено започнува втората фаза: преговорите за тоа какви ќе бидат иднит односи меѓу Брисел и Лондон, по истекот на преодниот период кој трае до 31-ви декември 2020 година.