Брендот Македонија!

Веќе долго време во нашата држава се кршат копјата дали Македонија има свој препознатлив бренд по што веднаш на самиот збор Македонија ќе ве асоцира на нешто или некого, да ли ја перцепирате по убаво или лошо. 32 години неполни веќе се поставува истото прашање. По што нашата мила, но напатена држава ја препознава светот?

Едно е брендот во генерална смисла, друго е брендот во маркетиншка смисла, а трето е брендот во туризмот, но да бидеме јасни, сума сумарум тоа е едно исто колку и да ги двоиме различни ставовите. Сепак крајната цел е препознатливоста на државата. Ќе пробам да ги опфатам сите три апсекти и тоа буквално од моја експертиза како магистер на брендирање и маркетингот, иако за жал одамна на ова прашање не работам, зашто никој во државава веќе подолго време ниту работи ниту пробува да поработи.

Да се вратиме не брендот Македонија. Име кое датира од античкото време, име кое останало препознатливо во текот на 3.000 години, име кое гордо го носеле војниците на Великиот Александар, најголемата држава што некогаш постоела сеуште до ден денеска, војниците на цар Самоил, востаниците од Крушево, партизаните од НОБ, име кое и една моќна империја како Рим, од почит и восхит не го преточиле и укинале никогаш, туку формирале провинција Македонија поделена на 2 дела — Македонија Прима и Македонија Салутарис, главен крстопат на тогашната економија, македонските склавинии во времето на Византија, Отоманската империја и укинувањето на Охридската архиеспископија, па се’ до денешната современа Македонија. За ова денеска што самите си го правиме не сакам ни да мислам, а не да пишувам.

А, за брендот во туризмот во поебна колумна зашто имам многу за пишување и раскажување, сега за брендот, државата Македонија, која самата по себе е бренд и за туризмот.

Последниот успешен период на брендирање и негова промоција беше во времето на Владата на Никола Груевски, кога целата држава се водеше под брендот на познатата насекаде во свет Macedonia Timeless. Тоа беа златните времиња на препознатливост и брендирање на нашата држава насекаде во светот, од познатите светски медиуми до регионалните и локални медиуми. Исто така прв таков обид за нешто препознатливо беше негов успех во спотот „Маде ин Маседониа“, оној спот на нашиот познат Милчо Манчевски направен во далечната 1999 година. Значи пред тоа 9 години и после тој спот, револуционерен, се’ до некаде 2008 година, значи повторно поминати 9 години немаше ниеден спот, ниеден бренд, ниедна маркетиншка алатка за промоција на државата и на туризмот. Сте виделе некаде денеска некој спот или некој документарец или некој напис за Македонија, можда ама само по негативни работи или паѓања на дното на листите на меѓународните организација, (да не ги бројам многу се ќе ми фати, половина колумна).

Една моја забелешка овдека, ако сакавме денешнава Македонија да биде уште поголемо име и секторите што постојат во неа, требаше многу одамна да се рекламира во познатите светски медиуми. Замислете само со една кампања од неколку години што претставуваше државата во сферата на инвестициите, економијата и туризмот во сите меѓународни економски, финансиски и медиумски магнати.

Да не се фалам но имаше еден успешен мини проект кај познатиот Си-Ен-Ен, а тоа фалење оди на моја страна, зашто прва држава од регионов која почна сриозно да се рекламира на овој светски медиум во 2005 година беше Република Македонија и тоа благодарејќи на мене и тогашниот премиер Владо Бучковски кој го прифати предизвикот за овој тримесечен мини проект за ракламирање на државата со два одвоени мини спотови (иако морам да кажам дека квалитетот на спотовите беше лош, мислам дека на пребарувачите нема ни да ги најдете) со 6 пати дневно нивно прикажување. Во тоа време скоро сите држави од регионот со кој имав контакт се јавија и ме прашуваа како успеавме и што треба да се направи за промоција на овој светски најпознат можда медиум. Одговорот е јасен и едноставен, малку воља и пари. Резултатот беше успешен и за таков краток период.

Оттогаш, па наваму Си-Ен-Ен имаше многуууу ракламни спотови, бесплатни анализи, докуменирани филмови, краткометражни туристички реклами, Инвест ин Мацедониа спотови и многу други лично добиени позитивни коментари за Република Македонија.

Ако било кого прашате надвор од држава во светот по што ја перцепираат или знаат Македонија, прво што ќе ви кажат по овошната салата, онаа микс салата на овошје МАЦЕДОНИА (регистрирана официјално во Франција како таков бренд), потоа по Александар Македонски (изгубен бренд со оној договор од Нивици и едноставно даден на Грците), нормално и по лошо, вечити кривци на соседите, кои ни ги крадат брендовите, историјата и културата на државата веќе со децение, а ние денеска им ги даваме на поклон на тацна. Словенците ни го однесоа брендот за ајварот и мастиката, успеавме некако да ги вратиме. Србите лозовата ракија, црногорците винската лоза Вранец, Косоварите шарпланинецот, Бугарите буквално цела историја. Не знам дали сте го посетиле некогаш „Б’лгарскиот национален исторически музеј“ на Бојана во Софија, ќе се фрапирате од артефактите и однесените докази од нашата мила Македонија. Јас останав фрапантен на тоа дека приоѓате до гробната плоча на „првиот си б’лгарски цар Самоил“, потоа на главната митра на „б’лгарската афтокефална охридска архиепископија“!!! или скапоцената круна која охридскиот архиепископ Јосиф од 18-тиот век ја добил на подарок од Венеција. Вредна е 40 милиони долари затоа што на неа има 329 скапоцени камења, од кои 245 парчиња се црвени рубини (замислете какво богатсво ни однеле) и низа на други македонски културни и историски артефакти. Останав подзинат и позеленет од ваквата неправда. Среќа наша што другарот Тито со тогашниот бугарски премиер Георги Димитров (по потекло Македонец) се договорија и ги вратија моштите на македонскиот великан Гоце Делчев, за што денес Бугариве мислам дека јајцата ќе си ги изедат за таа грешка, инаку ќе бевме држава со никаков идентитет и бренд овде во регионот.

Некаде прочитав дека Република Бугарија во име на добрососедството и’ вратила на Република Турција 63 историски артефакти. Зошто истото не го направат и со нас за почеток или да се угледаат на германските делегации секаде каде што одат во државите по светот и каде направиле злодела од втората светска војна (не сакам да го спомнувам оној збор фашизам овдека) клекнуваат да се помолат и побараат прошка за тоа, нормално ако се за, како што велат добрососедски односи и бараат невозможна мисија во овие тешки и мачни преговори и уцени за нашата Македонија. Многу е лесно да се правиш важен од позиција на моќ, дека си членка на Европската Унија (а, како дојдоа таму само господ знае) па уценуваш мали и немоќни држави, нели? Иако мојот татко секогаш вели нема мали и немоќни држави, има мали и немоќни водачи на држави.

Целосно се согласувам со него во овој контекст, а нека им стои на чест на Европската Унија и цела друга меѓународна јавност која дозволува да се крши првото и основното меѓународно начело за еднаквост и самоопределување на нациите.

Затоа ќе завршам тука мои пријатели и читатели. Ако мислите дека Македонија нема бренд или самата по себе не е бренд, се лажете многу. Македонија е самата по себе бренд, а се друго што оди со неа е лого. Можете уште илјадници зборови и артефакти да наведувате за и околу Македонија, таа е една и единствена. Ако не е така нема ни соседите да не’ „сакаат“ толку многу.

Автор: Зоран Николовски, туризмолог, специјалист во туристички развој, и магистер по маркетинг и брендирање, за НетПрес