Бреша се врати во Серија А

Фудбалерите на Бреша од следната сезона ќе се натпреваруваат во најелитното италијанско првенство откако во 34-то коло во Серија Б го совладаа Асколи со 1:0.

Стрелец на победоносниот гол за Бреша беше Даниеле Десена во 37 минута.

Две кола пред крајот на првенството Бреша е во водство со 66 бодови, седум повеќе од третопласираниот Палермо на македонските интернационалци Александар Трајковски и Илија Несторовски, а само двете првопласирани екипи одат директно во Серија А. На второто место е Лече со 63 бодови, и има големи шанси да му се придружи на клубот од Лобардија.

Палермо во ова коло загуби драгоцени бодови на домашен терен одигрувајќи 2:2 со Специја и не го искористи поразот од 1:2 на Лече на гости кај Падова. Палермо според сегашната состојба на табелата би играл бараж за пласман во Серија А, со клубот кој ќе го заврши првенството на 18-то место, а тоа во моментов е тимот на Емполи.

Бреша ја напушти Серија А во сезоната 2010/2011. За овој мал клуб инаку играа играчките великани како Андреа Пирло, Пеп Гвардиола, Георге Хаци и Роберто Баџо.