![evropska-komisija-640x420](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/evropska-komisija-640x420.jpg?resize=640%2C420&ssl=1)
Презентацијата на редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан денеска по прв пат ќе добие официјален превод во локалните јазици од регионот, вклучително и македонскиот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, ќе ги презентира извештаите на прес конференција попладнево околу 16 часот и 30 минути.
Како што информираше Европската комисија, оваа прес конференција ќе може да биде проследена со превод во секој од јазиците од регионот, вклучително и македонскиот јазик.
Ова е прв пат Европската комисија да обезбеди превод на други јазици освен официјалните јазици на Европската Унија на редовна прес конференција.