![rabotnik germanija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/19260133_303.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Возраста за пензионирање за средовечните работници во Обединетото Кралство ќе треба да се искачи на 71 година, поради ефектите од зголемувањето на животниот век и намалувањето на наталитетот врз државната пензија, сугерира истражувањето.
Помеѓу мај 2026 година и март 2028 година, сегашната возраст за пензионирање во Обединетото Кралство, која е 66, се очекува да се зголеми на 67 години, а се предвидува да порасне на 68 години до 2044 година.
Извештајот на Меѓународниот центар за долговечност, насловен како старосната граница за пензија и демографските промени, покажува дека со висока стапка на работници кои моментално ја напуштаат работната сила пред да стигнат до старосната граница за државна пензија, првенствено поради лоша здравствена состојба, сегашните мерки не се во однос на она што е потребно за одржување на пензискиот систем.