Министрите за енергетија на земјите членки на Европската унија го разгледуваат амбициозниот план за купување стратешки резерви природен гас во еден блок, обидувајќи се да се спротистават на наппорите на Русија за ограничување на испораките на енргенсот и зголемувањето на цените, се наведува во текстот на колумнистот на лондонски The Times.
Како што пишува Бруно Вотерфилд, иницијативата доаѓа од Шпанија и министрите работат заедно да ја ослабата руската контрола врз испораките на енергенсот а „Планот е осмислен за да се осигура дека ЕУ повеќе нема да бдие заложник на Москва“.
Според авторите на документот, во кој колумнистот имал увид, флуктуациите на меѓународните енергетски пазари не треба да претставуваат удар за ебнергетската независност на Европа. Во таквите услови, ЕУ треба да дејствува сплотени за да не зависи од каприците на земјите произведувачи на природниот гас, кои се обидуваат да ги зголемат своите приходи.
Шпанија поради тоа им предлага на членките на ЕУ да ја обединат својата куповна моќ и да создадат стратешки резерви од гас во еден блок. Министрите за енергетика на ЕУ веќе дискутирале за идејата, којашто според нив ќе помогне „да се спротиставан на интенциите на Русија да ги ограничи испораките и зголемување на цената“ на гасот.
Цената на гасот на европскиот континент континуирано растат и провибаат рекорди од минатата година. Во август цената на енергенсот надмина 500 долари за илјади кубни метри, а до 21-ви септември октомвриските фјучрси достигнаа 900 долари. Според аналитичарите, тоа се должи на испразнетите складишта за гас во Еврпа, поради лансата студена зима.
Владите на Шпанија, Италија и Франција переземаа итни мерки за заштита на сопствените корисници од зголемените расходи за електрична енергија и греењето во зима, вклучително и ограничување на цените и на субвенциите.
Како одговор на обвинувањата за недоволните испораки со гас на европскиот пазар, од рускиот енергетски гигант „Газпром“ истакна дека компанијата ги исполнува сите договорени обврски, како и дека обемот на испораките е близи историскиот максимум. Руската дипломатија го оцени како „нонсенс“ изјавите на европските политичари дека Русија наводно влијае врз цената на енергетските ресурски поради скорешното ставање во функција на гасоводот Северен тек 2.
Овој рускот-германски госовод беше предмет на американски санкции и обвинувања од некои земји членки на ЕУ дека ќе ја зголеми енергетската зависност на Европа од Русија којашто ќе го користи за остварување на своите политички геостратешки цели.