Британците се откажуваат од високото образование поради кризата

Студентите во Велика Британија се силно погодени поради инфлацијата, што ги прави за нив попривлечни работните места со минимална заработка, вели Бен Волтман, виш економист истражувач во институтот IFS.

„Кастрењето на студентските кредити ги поттикнува студентите со ниски приходи да се откажат од универзитетското образование“, вело Волтман, кого го цитира агенцијата Bloomberg.

Прецизира дека намалувањето на кредитите за образованието изнесува 11 отсто во однос на учебната 2020/2021 година.

Волтман истакнува дека поскапувањето на храната и енергенсите најмногу ги погодуваат најсиромашните слоеви од населението. Високите школарини на британските универзитети отсекогаш претставувале акутен проблем за студентите со ниски приходи, а во сегашната криза високото образование станало уште понедостапно додава.

Иако високото образование сѐ уште се смета за добра инвестиција во Велика Британија, вработувањето веднаш по завршувањето на средното училиште сега станува поатрактивно меѓу младите Британци, заклучуваат авторите.