Британците сега би гласале 59 – 41 за останување во ЕУ

Британските гласачи во овој момент би гласале со 59 отсто за останување во Европската унија, а 41 процент би биле против, покажале резултатите од испитувањето на јавното мнение објавено во средата, што е најголема забележана поддршка за членството во ЕУ по референдумот од јуни 2016 година.

На референдумот кој се одржа на 23-ти јуни 2016 година, 17,4 милиони гласачи или 51,9 отсто го поддржаа напуштањето на ЕУ, додека 16,1 милиони гласачи или 48,1 отсто го поддржаа останувањето. Повеќе испитувања на јавното мислење спроведени во пресрет на референдумот, инаку покажаа грешки во однос на резултатите.

Анкетите покажале дека 59 отсто од гласачите сега би гласале да Обединетото Кралство да остане во Европската унија, наспроти 41 кои се изјасниле во полза на напуштањето. Резултатите се објавени во извештајот на NatCen и The UK in a Changing Europe. Тоа е најголемата забележана поддршка за „останувањето“ во низата од петте такви анкети по референдумот од 2016-та и претставува голем пресврт.

Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ на 29-ти март во 2019 година, но уште мора дотогаш да го склучи договорот за брегзитот кој би ги одредил идните однос со Брисел и би ги уредувал економските односи. Владата ја отфрли можноста за одржување уште еден референдум на истата тема.