Британците шокирани од Меган и Хари – Таа е злобна и ќе биде уште полошо!

Меган Маркл и принцот Хари се огласија со соопштение на нивната официјална страница „Sussex Royal“, во кое напишаа дека кралицата не го поседува зборот „кралски“ ширум светот.

Тоа соопштение се појави откако британските медиуми објавиле дека од пролет тие повеќе нема да можат се служат со ознаката „Sussex Royal“.

Меган и Хари најавиле дека ќе ги задржат своите кралски титули, иако нема активно да ги користат.

Како што пишуваат британските медиуми, соопштението во некои делови има доста непријателски тон.

„Иако не постои јурисдикција на монархијата или кабинетот околу употребата на зборот „кралски“, од другата страна на океанот, војводата и војвотката од Сасекс немаат намери да го користат „Sussex Royal“ ниту било кој облик на зборот „кралски“ на било која територија (било во Обединетото кралство или вон него) после транзицијата во пролет 2020.“, порачале.

Се пожалиле дека палатата ги третира поинаку од другите членови на семејството.

https://www.instagram.com/p/B28e1_NltGE/?utm_source=ig_embed

„Иако постојат преседани во кои другите членови на кралското семејство со титули барале работа вон кралското семејство, за војводата и војвотката од Сасекс е воспоставен период на ревизија од 12. месеци. Според договорот, војводата и војвотката од Сасекс разбираат дека мораат да отстапат од кралските должности и да не извршуваат репрезентативни должности во име на нејзиното величество“, напишале.

Иако палатата минатиот месец објави дека нема да ги задржат своите кралски титули, Меган и Хари сега тврдат дека ќе ги задржат, но дека нема активно да ги користат после пролет.

Гласноговорникот на брачниот пар прво објавил изјава за медиуми за нивната употреба на кралските титули во петокот во 19.30., а околу 22. часот е објавена многу подолга изјава преку Инстаграм стори. Во таа подолга изјава се реферирале на односот кон другите членови на кралското семејство, фактот дека Хари и понатаму е шести во ред за престолот и на тоа дека ќе ги задржи своите воени чинови. Бараат и заштита за нив двајца како и на нивниот син Арчи.

https://www.instagram.com/p/B2T4PggFl_X/?utm_source=ig_embed

Експертите за кралското семејство соопштението веќе го нарекле како уште една ПР катастрофа на брачниот пар.

„Нејзините коментари за одлуката на кралицата одекнуваат со бес и злоба. Се плашам дека ќе стане полошо“, рекол Том Боуер, биограф на принцот Чарлс.

Кралскиот коментатор Ричард Фицвилијамс тврди дека овие изјави се сосема непотребни бидејќи ја нагласуваат разликите на Хари и Меган и кралската палата на начин кој било можно да се одбегне.

https://www.instagram.com/p/B82RT2ClGPD/?utm_source=ig_embed