Британија доби монета со ликот на Џејмс Бонд

Британската државна ковачница на монети „Royal Mint“ во средата ја претстави серијата монети посветени на колекционерите и инвеститорите со ликот на познатиот британски агент Џејмс Бонд, по повод 60-те години од филмскиот херој кој стана британски бренд.

Новата серија „им нуди можност на обожавателите на Тајниот агент 007 да купат монети во ограничено издание или да инвестираат во благородни метали, злато или сребро“, се вели во соопштението на „Royal Mint“, откривајќи ги седумте нови монети.

Секоја од нив прикажува позната сцена од сагата за тајните агенти по децении. Првата монета е посветена на 1960-те години и ја прикажува сцената во која Бонд, кој тогаш го играше Шон Конери, седи во жирокоптерот „Little Nellie“, во филмот „Само двапат се живее“ од 1967 година.

Логото „007“ до пиштолот е испечатено на работ на монетата во стилот на 60-тите.

Остатокот од серијата ќе биде претставен до крајот на оваа година и во 2024 година.

Најниската цена е 14,50 фунти (17 евра) за монета од купроникел (легура на бакар и никел), а највисоката е 5.305 фунти за златник од 62 грама.