Велика Британија во рамките на преговорите за надворешната, безбедносната и одбранбената политика кои ги води владата ќе ја зајакне способноста за соочување со заканите кои ги претставуваат Русија и Кина во Вселената, објави во саботата британскиот министер за одбрана Роберт Бен Волес.
Во четвртокот Лондон соопшти дека е загрижен поради рускиот сателитски тест кој вклучувал лансирање проектил со „карактеристики на оружје“.
„Претходно седмицава потсетивме на заканата којашто Русија ја претставува за нашата национална безбедност со провокативниот тест во оружен проектил од сателит кој се заканува на мирното користење на вселенското пространство“, напиша Волес во весникот The Sunday Telegraph, додавајќи дека и Кина претставува таква закана.
„И Кина развива офанзивно вселенско оружје, и двете држави ги надградуваат своите можности. Таквото однесување сега ја подвлекува важноста од прегледот кој британската влада во моментов го спроведува“, додава во текстот британскот министер за одбрана.
Претходно во петокот руското министерство за надворешни работи реагираше на изјавите на американските и британските функционери истакнувајќи дека тестовите со рускиот сателит кое ги спровело министерството за одбрана не претставуваат опасност за други вселенски објекти и не го нарушува меѓународното право.
„Тестовите изведени на 15-ти јули од руското министерство за одбрана не претставуваат закана за другите вселенски објекти и, што е уште поважно, не нарушуваат никави норми и принципи на меѓународното право. Според информациите од нашиот воен ресор, рускиот ‘сателитски инспектор’ извршил проверка од блиско растојание на руски вселенски уред со користење на специјализирана апаратура на малиот космички уред. Како резултат на тоа, добиена е важна информација за техничката состојба на проверениот објект, која е пренесена во објектите за конторила на земјата“, се наведува во соопштението на руската дипломатија.
Претходно седмицава американската вселенска команда соопшти дека наводно поседува докази дека Русија извела „недеструктивно тестирање на вселенско противсателитско оружје“. Според американските податоци, на 15-ти јули од сателитот „Космос-2543“ се одделил друг објект, кој во каталогизацијата на Вселенската команда на САД е означен со бројот 45915.
На специјализиранта веб-страница на американските воздухопловни сили – spacetrack.org – која објавува отворени информации, на објектот 45915 му се посветува особено внимание. Информацијата дека 18-от ескадрон за контрола на Вселената на Воздухопловните сили на САД следи објект во орбитата имаше ударно место на сајтот, и притоа можеше да се добие податокот за неговата локација.
Според американската армија, „објектот“ бил лансиран веднаш до друг руски сателит. Се истакнува дека овие тестирањња се многу слични на ситуацијата од 2017 година и не наликуваат на тестирање на ткн „сателит инспектор“.
Ситуацијата во 2017 година којашто ја споменува американската армија се однесува на руското лансирање во јуни таа година на сателитот-платформа „Космос-2519“, од кој во август истата година се одделил мал вселенску уред. Во каталогизацијата на Воздухопловните сили на САД вториот сателит е означен како „Космос-2521“.
На 15-ти јули руското министерство објави соопштение во кое извести за тестирањето на најновиот мал сателит за проверка, со чијашто помош бил контролиран и испитан од голема близина друг руски вселенски објект.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, деновиве коментирајќи ги наводите на американската страна изјави за новинарите акредитирани во Москва дека Русија е посветена на задачата за целосна демилитаризација на Вселенета и нераспоредување во космичкото пространство никакви видови вооружување.