Велика Британија ќе го зголеми бројот на војници во меѓународната мировна мисија на Косово поради „загриженост“ за наводното распоредување на српската армија на границата со нејзината поранешна јужна покраина Косово и Метохија, којашто по инвазиијата на НАТО во 1999 година врз тогашн СР Југославија во 2008 година еднострано со поддршка на западните земји прогласи независност.
Министерството за одбрана во Лондон во неделата објави дека ќе испрати дополнителни 200 војници за да го засили британскиот контингент од 400 лица кои веќе се на Косово, како дел од годишната вежба.
„Проширувањето на нашата поддршка за мировните сили во Косово (КФОР) ја нагласува нашата непоколеблива посветеност на НАТО алијансата и безбедноста на Западен Балкан“, рече во неделата началникот на британскиот одбранбен штаб Тони Радакин.
Распоредувањето на нови сили доаѓа на барање на НАТО алијансата.
Тензиите дојдоа кулминираа минатата седмица, кога според тврдењата на Приштина „најмалку 30 тешко вооружени припадници на српските паравоени единици“ се судрија со косовската полиција во селото Бањска во близина на Митровица во северно Косово, населено домонатно со етнички Срби и каде според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН не треба да има вооружени косовски сили.
Убиени се тројца српски напаѓачи и еден косовски полицаец. Како одговор на овие настани, НАТО рече дека планира да ги зајакне мировните сили на КФОР на Косово.
Белата куќа во петокот соопшти дека Србија, наводно, спроведува „големо“ и „невидено“ воено распоредување, “вклучувајќи артилерија, тенкови и војници, по должината на границата“, којашто официјален Белград ја смета за „привремена административна“.
Меѓутоа, поранешниот американски специјален пратеник за дијалогoт меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, во објава на мрежата Х наведе дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност Џејк Саливан шират лажни информации за распоредување српски војници на границата со Косово.
„Саливен и Блинкен вчера упатија лажни информации за српските војници на границата со Косово. Тие не се во контакт со Балканот“, објави Гренел на социјалната мрежа Х.
Тој посочи дека лани имало 14.000 српски војници на таа позиција, дека денеска има 7.500, а до понеделник, како што наведе, на границата ќе има 4.000 српски војници.
„Зошто Бајден и Белата куќа лажат дека има сѐ повеќе војска на границата, кога има сѐ помалку? Освен тоа, на Албин Курти на 3-ти јуни му беше подвлечена црвена линија која тој ја премина без да има никакви последици. Слабоста предизвикува хаос“, напиша Гренел.