
Велика Британија ќе распореди војници во болниците во Лондон за да го ублажи големиот недостиг на персонал предизвикан од ширењето на сојот омикрон на коронавирусот, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Околу 200 припадници на вооружените сили ќе им се придружат на здравствените работници во главниот град, кој е особено тешко погоден од неодамнешниот пораст на случаите на коронавирус што доведе до масовни отсуства на персоналот во болниците.
-Мажите и жените од нашите вооружени сили уште еднаш се зајакнуваат за да ги поддржат своите посветени колеги во NHS (Националната здравствена служба) додека работат рака под рака за да ја заштитат нацијата од Ковид-19, нагласи министерот за одбрана Бен Валас.
Тие ја покажаа својата вредност одново и одново во текот на оваа пандемија, без разлика дали возат амбулантни возила, администрираат вакцини или поддржуваат пациенти во болница, и тие треба да бидат горди на нивниот придонес во овој вистински национален напор, додава тој.
Распоредувањето ќе вклучува 40 воени медицински лица и 160 лица за дежурства, соопшти Министерството. Велика Британија во вторникот регисѕрира 218.724 дневни случаи на новозараени со вирусот, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата.