Здравствените власти во Велика Британија соопштија во недела дека го подигнуваат степенот на тревога за Covid-19 поради „брзото ширење“ на заразите со омикрон варијантата на коронавирусот.
Степенот на тревога се подигнува од третото на четвртото нуиво, што е второто највисок ниво и значи дека „преносот на вирусот е засилен, како и дека притисокот врз здравствените служби е општи и голем или е во пораст“.
„Првите податоци покажуваат дека омикрон варијантата се шири многу побргу од делта варијантата и дека заштитата којашто ја даваат вакцините во случај на зараза со омикрон е намалена“, истакнуваат британските здравствени власти.
Иако сѐ уште не е познато колку омикротн варијантата е опасна, а тоа „ќе биде појасно во следните седмици“, според експертите кои истакнуваат и дека „веќе има хоспитализации“ поради омикроното и дека „постои веројатност“ дека нивната бројка „брзо ќе се шири“.
Најавено е премиерот Борис Џонсон да се обрати до јавноста во претходно снимена изјава, соопштија од Даунинг Стрит. Во неа треба да ги извести сонародниците за напораите коишто ги вложува владата во сузбивањето на ширењето на омикрон сојот, во прв ред проширување на кампањата на вакцинирањето со третата доза на повозрасните од 30 години уште од понеделник.
Министерството за здравство, покрај тоа, соопшти во неделата дека контактите на целосно вакцинираните лица кои биле позитивни на тест на Covid-19 од вторник ќе бидат замолени една седмица секојдневно да правата антигенски тест. Тие кои не се вакцинирани, ќе мора да бидат во изолација десет дена.
Овие информации доаѓаат по новите мерки коишто ги најави премиерот Џонсон, меѓу коишто е враќање на работа од дома и воведвуање на ковид-пропусници за одредени локации, за што во вторникот ќе се гласа во парламентот.
Велика Британија е меѓу земјите најтешко погодени во пандемијата со коронавирусот, со веќе 146.000 починати по речиси две години и околу 50.000 новозаразени на дневно ниво.