Велика Британија ќе испрати 20.000 војници на една од најголемите воени вежби на НАТО од Студената војна, каде Алијансата треба да го увежбува одвраќање на евентуална но малкувројатна руска агресија.
Министерот за одбрана Грант Шапс ќе го објави распоредувањето на припадниците на амијата, на Кралската морнарица и на Кралската морнарица (RaF) во 31 земја низ цела Европа за време на говорот во понеделникот во Лондон. Се очекува да каже дека придонесот на вежбата под кондниот назив „Steadfast Defender“ ќе даде „витална реакција против заканата на Путин“, како и дека Западот стои на „раскрсница“.
Вежбите ќе се одржат откако министрите најавија уште еден пакет помош на Украина и по нападите на САД и Велика Британија врз Хутите во Јемен.
Шапс ќе ја претстави својата визија дека Велика Британија ќе ги обесхрабри заканите, бидејќи сојузниците сè уште се загрижени за наводната закана што ја претставувал рускиот претседател Владимир Путин, „бидејќи неговата војна се приближува до втората година“. Објавата ќже претставува повторно враќање на Лондон на персонализација на судирот со Русија, што треба да ги исклучи предупредувањата од Москва за загрозување на руската национална безбедност откако НАТО изминатите децении сѐ повеќе се приближуваше на руските граници, во обидот целосно да се опколи просторно најголемата земја на светот.
Околу 16.000 британски војници со тенкови, артилерија и хеликоптери ќе бидат распоредени низ Источна Европа почнувајќи како дел од вежбата следниот месец. Кралската морнарица ќе организира повеќе од 2.000 свои припдници со осум воени бродови и подморници, додека повеќе од 400 маринци ќе бидат испратени до Арктичкиот круг. Авијацијата ќе користи повеќенамеснки борбени авиони „F-35B Lightning“ и авиони за надзор „Poseidon P-8“.
Извори од одбраната велат дека вежбата ќе биде подготовка за инвазија на земја-членка на НАТО од кој и да е агресор, со главни закани да потекнуваат од Русија и од тероризамот.