Британската секретарка за развој Анелиз Додс претстави пакет помош од 5 милиони фунти за УНИЦЕФ во Либан, додека Велика Британија го засилува своето воено присуство во источниот Медитеран, во близина на земјата.
Објавувањето на пакетот помош уследи по смртоносните воздушни напади и ракетни напади меѓу Израел и Хезболах од почетокот на седмицата. Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство потврди дека помошта ќе биде наменета за медицински материјали, комплети за хигиена, гориво за водни станици и тимови за итни случаи кои работат на здравје и исхрана.
Министерството, исто така, потврди дека авионите и хеликоптерите на Кралското воздухопловство се во подготвеност, со британско присуство во Акротира во близина на Лимасол на Кипар и во источниот Медитеран со два брода. Претставници на граничните сили и Министерството за надворешни работи, како и 700 војници беа распоредени во вторникот на Кипар.
„Ситуацијата во Либан е длабоко загрижувачка. Мораме да воспоставиме итен прекин на огнот од двете страни за да спречиме дополнителни цивилни жртви и да се осигураме дека раселените лица можат да се вратат во своите домови“, рече Додс.
Министерката нагласи дека нејзиниот ресор повторно отворил портал каде британските граѓани во Либан можат да се регистрираат за да ја информираат британската влада каде се наоѓаат.
„Велика Британија секогаш ќе биде силен поддржувач на либанскиот народ. Затоа обезбедуваме пет милиони фунти на УНИЦЕФ за поддршка на цивилите кои се раселени и се соочуваат со итна хуманитарна ситуација“, додаде таа.
Во израелските напади во средата загинаа 51 лице, а повеќе од 220 беа повредени, според либанскиот министер за здравство. Оваа бројка се надоврзува на 564 убиени и повеќе од 1.800 ранети во претходните два дена, меѓу кои и најмалку 150 жени и деца.
Вкупно 200.000 луѓе се раселени во Либан откако Хезболах почна со истрелувањето ракети кон северен Израел пред речиси една година по почетокот на израелеската копнена офанзива во палестинската енклава Појасот Газа, откри Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.