Велика Британија ќе плати над 12,7 милијарди долари како компензација на илјадници пациенти во 1970-тите и 1980-тите кои биле лекувани со крв заразена со ХИВ или хепатитис Ц, објави во неделата весникот The Sunday Times.
Скандалот со употребата на контаминирана крв и крвни продукти се смета за една од најголемите грешки во третманот на пациентите во историјата на британската Национална здравствена служба (NHS), финансирана од државата.
Се проценува дека околу 30.000 луѓе ја примиле контаминираната крв и дека околу 3.000 од нив починале како резултат на тоа. Се верува дека уште повеќе пациенти се разболеле, но некои од заразените никогаш не биле пронајдени.
Крв и крвни продукти, од кои некои беа увезени од САД, биле дадвани на пациенти и болни на коишти за кои неопходна била трансфузија во текот на операција и на оние кои страдаат од хемофилија.
Според написот во The Sunday Times, пред да бидат објавени резултатите од официјалната независна истрага во понеделник, британскиот премиер Риши Сунак официјално ќе се извини. Владата потоа ќе ги објави пакетите за компензација веќе во вторник.
„Мислам дека ова е најлошиот скандал во мојот живот. „Исто така, мислам дека семејствата имаат апсолутно право да бидат крајно гневни што генерации политичари, вклучително и јас кога бев министер за здравство, не дејствуваа доволно брзо за да го решат овој скандал“, изјави министерот за финансии Џереми Хант за британскиот весник.
Владата веќе им исплати 100.000 фунти како привремена компензација на некои жртви, вкупно 400 милиони фунти според препораките што следеа по истрагата во 2022 година.