Британија не му го предала на Маурициус архипелагот Чагос во утврдениот рок

Велика Британија не се придржувала до крајниот рок кој измина во петокот во кој требаше да ја врати контролата врз прекуокенските територии на островот Чагос на Маурициус, откако истече шестмесечниот рок кој го определија Обединетиет нации, пишува весникот Evening Standard.

Во февраури годинава Меѓународниот суд на ОН донесе советодавно мислење, во кое заклучи дека деколонизацијата на Марициус, коешто доведе до одвојување на архипелагот Чагос од него, е нелегална. Во мај со огромно мнозинство од 116 наспроти шест земји членки на Генералното собрание на ОН гласаа Велика Британија да се откаже од контролата над споменатите острови.

Како што се наведува во написот, ОН му дале на Лондон шестмесечен период за предавање на управата врз островите Чагос на Маурициус, кој истече во петокот. Велика Британија не го признава полагањето на прво од страна на Маурициус над архипелагот и не смета дека одлуките на Меѓународниот суд и ОН се обврзувачки.

Процесот на деколонизација на Маурициус беше завршен со доделувањето независност во 1968 година, но истовремено од новата држава остана одделен архипелагот Чагос, кој остана под британска управа. Сегашните маурициски власти сметаат дека овој процес е нелегален, и се жалат дека не можат да ги преселат на архипелагот Чагос своите граѓани, особено оние кои се со потекло од островите.

Лондон тврди дека го купил архипелагот Чагос за 3 милиони фунти, откако бил одвоен од Маурициус во 1965 година, кога островската земја во Индискиот Океан сѐ уште била британска колонија. Властите на Маурициус, пак, тврдат дека земјата била принудена да се откаже од островите во замена за независноста стекната три години подоцна.

Одбивањето на Велика Британија да стави крај на својата колонизација, или како што вели весникот – окупација, врз архипелагот, се очекува да биде одбележано со протести пред мисијата на британската висока комисија во маурициската престолнина Порт Луис, особено од лицата кои биле присилно депортирани од Чагос пред повеќе од 40 години и од нивните потомци.

Во периодот меѓу 1968 и 1974 година, Велика Британија насилно протерала илјадници жители на архипелагот Чагос од нивната татковина и ги прогонила на Маурициус и Сејшелиоте, каде се соочиле со екстремна сиромаштија и дискриминација. Во тој период многумина во потрага по подобар живот се доселиле во Обединетото Кралство, а Лондон на САД им понудил на еден од островите Диего Гарсија да изградат воена база.

Премиерот на Мауруциус, Правинд Југнаут, изјави дека Велика Британија сега е во улога на нелегален колонијален окупатор, пренесува BBC.

Канцеларијата за надворешни работи и Комонвелтот (FCO), во соопштение во врска со случајот наведува дека „Велика Британија не се сомнева во својот суверенитет над Британските територии во Индинскиот Океан (BIOT), кои се под континуиран британски суверенитет од 1814 година“.

Во 1960 година е усвоена Декларацијата на ОН за доделување независноста на колонизираните земји и народи. За контрола на нејзината имплементација, следната 1961 година е формиран Комитетот на Генералното собрание за деколонизација.

Во моментов постојат 17 „несамоуправни“ односно колонијални територии: Американска Самоа, Ангила, Бермудските острови, Британските Девствени острови, Американските Девствени острови, Гуам, Гибралтар, Западна Сахара, Монтсерат, островот Света Елена, Кајманските острови, островите Теркс и Кајикос, Нова Каледонија, Питкерн, Токелау, Француска Полинезија и Фокландските острови. Со овие територии управуваат Велика Британија, САД, Нов Зеланд и Франција. Во годината на формирањето на ОН една третина од светското население живеело во несамоуправните територии, зависни од колонијалните земји.