Британија нема да толерира насилство врз полицијата

Насилството врз полицијата нема да се толерира, изјави портпаролот на британскиот премиер откако избувнаа немирите во текот на ноќта во кои беа повредени 22 полицајци.

Портпаролот на Џонсон им рече на новинарите дека сцените од местото на инцидентот биле ужасни и дека властите нема да толерираат насилство врз полицијата.

Тој посочи дека секој што ќе нападне полицаец или некој друг службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните, ќе претрпи сериозни правни последици, пренесува „Ројтерс“.

Немирите избувнаа во јужниот дел на Лондон синоќа на музички настан за кој надлежните не издадоа одобрение.

Учесниците одбија да соработуваат со органите за спроведување на законот и се судрија со полицијата.

Во немирите полесно се повредени 22 полицајци, а уништен се и полициски автомобили.