Велика Британија во Полска ќе го распореди ракетниот систем „Sky Sabre“ во одбранбени цели, тврдеше во четвртокот министерот за одбрана Бен Валас во текот на посетата на Варшава.
Посетата на Балас на полската престолнина во моментот кога НАТО започнува со реализација на дамнешните планови за зајакнување на источното крило на Алијансата, сега како одговор на руската офанзива во Украина.
„Имаме намера во Полска да распоредиме противвоздушен систем со среден дострел Sky Sabre и околу 100 војници. Со тоа покажуваме дека стоиме до Полска, го штитиме нејзиниот воздушен простор од каква и да е идна агресија од страна на Русија“, изјави Валас по средбата со полскиот колега Мариуш Блашчак.
Британската влада ракетниот комплекс „Sky Sabre“ го опишува како „најмодерниот противвоздушен систем кој објект со големина на тениско топче може да го погоди дури и ако се движи со брзината на звукот“.
Според описот на британската армија, овој систем се состои од три компоненти: 3Д радари за надзор, истрелувач на ракети и уред за управување.
Системот „Sky Sabre“ истрелува ракети тешки 99 килограми коишто можат да летаат со брзина до 3.700 куилометри на час, и на Полска ќе ѝ овозможат да се одбрани од борбени авиони, ракетни проектили и бомби, се тврди во Лондон.