Британија објави фотографии од осомничените за труењето на Скрипал

Руските државјани Александар Петров и Руслан Боширов се обвинети за нападот со „новичок“ во Солзбери врз поранешниот руски разузнувач, Сергеј Скрипал во кој беа отруени петмина, информираше британската полиција.
Според полицијата, постојат доволно докази двајцата да бидат обвинети за труењето на Скрипал, објави ББЦ.

Се смета дека обвинетите користеле псевдоними. Тие имаат по околу 40 години.
Британската полиција соопшти дека Русите стигнале на аеродромот „Гетвик“ во Лондон на 2 март со лет од Москва и дека одседнале во хотелот „Сити Стеј“ во источен Лондон, по што на 4 март отпатувале за Солзбери. Таму со „новичок“ ја намачкале кваката на влезната врата од домот на Скрипал.

Труењето предизвика дипломатски спор помеѓу Велика Британија и Русија, при што британската влада за тоа ја обвини Москва.

Русија постојано негираше каква било вмешаност во инцидентот.