![front-may-chequers-2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/front-may-chequers-2.jpg?resize=640%2C450&ssl=1)
Британската влада следната недела ќе објави „Бела книга“ во која детално ќе биде образложено како Лондон планира да ја поврати контролата над своите пари, своите закони и границиите, а премиерката Тереза Меј доби подршка за предлогот Британија да создаде слободна трговска зона со ЕУ по Брегзит.
Сѐ уште сме цврсто убедени дека е во интерес на двете страни да постигнат договор за воспоставување добри и стабилни односи во иднина. Но, исто така, дојдовме до заклучок дека треба да продолжиме да се подготвуваме за голем број потенцијални сценарија, вклучувајќи ја можноста за напуштање на ЕУ без договор , се вели во соопштението.
Во меѓувреме, Меј објави дека британскиот предлог е да создадат зона на слободна трговија меѓу Велика Британија и ЕУ за да воспостави заеднички систем на правила за индустриски стоки и земјоделски производи. Тоа ќе ги одржи високите стандарди, но и ќе овозможи на Британија да склучи нови трговски договори со други земји откако ќе ја напушти ЕУ во март, следната година.
Британската премиерка Тереза Меј на средба со нејзини влијателни соработиници изјавила дека е подготвена да го разреши шефот на дипломатијата Борис Џонсон, доколку тој се обиде да ја поткопа нејзината преговарачка позиција за Брегзитот, тврди лондонски „Тајмс“.