Британската економија стагнирала во третиот квартал

Британската економија стагнираше во третиот квартал во споредба со претходните три месеца, бидејќи активностите стагнираа во услужниот сектор, додека умерениот раст на градежништвото беше неутрализиран со падот на индустриското производство, објави британската канцеларија за статистика ONS.

Реалниот бруто домашен производ (БДП) е непроменет во однос на вториот квартал, објави во понеделникот ONS, ревидирајќи ја надолу првичната проценка која предвидуваше слаб пораст од 0,1 отсто.

Стагнацијата на економската активност уследи по ревидираниот раст од 0,4 отсто во вториот квартал, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Активностите во доминантниот услужен сектор во третиот квартал останале непроменети во однос на претходните три месеца. Прелиминарната проценка покажа маргинален пораст од 0,1 отсто.

Истовремено, градежните активности бележат раст од 0,7 отсто, по трите последователни квартални пада. Растот бил за 0,1 процентен поен помал од првично предвидениот.

Сепак, растот во градежниот сектор е неутрализиран со падот на индустриското производство од 0,4 отсто. Падот на производството е двојно поголем отколку што беше предвидено во првата проценка.

Во споредба со третиот квартал од минатата година, реалниот БДП на Обединетото Кралство се зголемил за 0,9 отсто, соопшти заводот за статистика, ревидирајќи ја првичната проценка малку надолу.

БДП-то на расходната страна бележи пораст на потрошувачката на домаќинствата за 0,5 отсто. Потрошувачката на државата маргинално се зголемила, за 0,1 отсто, што е многу послабо од првата проценка, која предвидуваше раст од 0,6 отсто.

Истовремено, бруто фиксниот капитал се зголемил за 1,3 отсто, што е за 0,2 процентни поени посилно од првично предвиденото. Како дел од бруто формацијата на капиталот, деловните инвестиции се зголемени за 1,9 отсто.