Британската телекомуникациска компанија ЕЕ ги лансираше првите мобилни мрежи од петтата генерација (5G) во шест големи градови во Обединетото Кралство, се наведува во соопштението од петокот.
Се наведува дека од средата мрежата 5G станала достапна за жителите на Лондон, Кардиф, Единбург, Белфаст, Бирмингем и Манчестер. Во чест на лансирањето, компанијата организирала музички концерт во британската престолнија, чиј пренос бил емитуван преку мрежите од последната генерација.
„Сакавме да ја одбележиме појавата на првата мрежа 5G во Велика Британија со нешто импресивно. Вечерва влеговме во историјата, не само што станавме првиот оператор кој ја ланирапе 5G во Обединетото Кралство, туку и ја користевме 5G за да го пренесуваме настанот за илјаднциите обожаватели во цела Британија“, изјавил Марк Алерт, генерален директор на британската телеком корпорација „BT Consumer business“ во чиишто рамки работи ЕЕ.
Како што ветува компанијата, до крајот на годинавата мрежите 5G ќе бидат достапни и во Глазгов, Њукасл, Ливерпул, Лидс, Хале, Шефилд, Нотингем, Лестер, Ковентри и Бристол. Од ЕЕ претходно соопштија дека во споменатите градови и региони има најголема потреба до мрежата на најновата генерација во мобилната телефонија,. Во текот на 2020 година, уште десет британски градови ќе се приклучат на 5G.
И покрај официјалното лансирање, во моментов на британскиот пазар нема масовно присуство на течефони коишто ја поддржуваат 5G мрежата. Се очекува дека првите такви паметни телефони ќе бидат презентирани од страна на глобалните произведувачи во текот на следната година.
Конкурентите на ЕЕ, британските телекомуникациски оператори, „Three“ и „Vodafone“, соопштија дека ќе започната да работата на подготовките за ширење на 5G мрежата во текот на следната година и во функција ќе ги стават првите преносни станици не порано од 2020 година.