Британската полиција уапси руски олигарх во неговиот раскошен дом во Лондон

Неименуван 58-годишен маж е приведен од Националната агенција за криминал на Обединетото Кралство (NCA) во четвртокот под сомнение за прекршоци, вклучително и перење пари, заговор за измама на Министерството за внатрешни работи и заговор за лажно сведочење.

Истовремено, приведен е и 35-годишен маж кој работел во неговата резиденција. Тој е уапсен под сомнение за перење пари и попречување на службеник, откако бил виден како излегува од куќата со торба во која имало илјадници фунти во готовина. Трет маж (39), поранешен партнер на сегашниот партнер на бизнисменот, е уапсен во неговиот дом во лондонски Пимлико поради сомнение дека сторил кривични дела, меѓу кои и перење пари и заговор за извршување измама.

NCA објави дека повеќе од 50 офицери од антиклептократската единица на агенцијата биле вклучени во операцијата на деловниот имот во Лондон од повеќе милиони фунти. По извршениот претрес, од имотот се одземени голем број дигитални уреди и поголема количина парични средства.

Директорот на НЦА Грем Бигар рече дека „антиклептократската ќелија на агенцијата, формирана оваа година, постигна огромен успех во истрагата за потенцијалните криминални активности на олигарсите, како и на професионалните даватели на услуги кои ги поддржуваат и помагаат нив и оние кои се поврзани со рускиот режим. „И ние ќе продолжиме да ги користиме сите овластувања и тактики кои ни стојат на располагање за да спречиме такви закани“.

Сите тројца уапсени се ослободени со кауција. НЦА објави дека ова е најновата операција спроведена како дел од напорите на организацијата да ги попречи активностите на корумпираните меѓународни деловни субјекти и нивните помошници.

Спречени се речиси стотина криминални закани, а тие се однесуваат на руските елити поврзани со рускиот претседател Владимир Путин и нивните поддржувачи, вклучително и наредби за замрзнување на банкарските сметки на лица тесно поврзани со санкционираните Руси, објави NCA.

„Нашата ќелија истражуваше и презеде дискретна акција против голем број елити кои директно влијаат на Обединетото Кралство, користејќи помалку конвенционални рути што се користат за прикривање на протокот на поголеми лични средства, како што е продажбата на уметнички дела и слични предмети со висока вредност преку аукциските куќи. “, објаснуваат од НЦА.

„На меѓународно ниво, работата на NCA придонесе за замрзнување на сопственоста на некои недвижности (осум јахти и четири авиони) и продолжува да работи во соработка со Канцеларијата за извршување финансиски санкции за да обезбеди замрзнување на други лични средства во Обединетото Кралство.