Британската полиција соопшти дека при антитерористичка акција спроведена во Лондон и Кент застрелала една жена и уапсила четири лица.
Уапсените се осомничени за тероризам.
Полицијата наведе дека случајот не е поврзан со апсењето на мажот кој носел ножеви, во близина на канцеларијата на британската премиерка Тереза Меј.
Застреланата жена е во тешка, но стабилна состојба.
Таа не била апсена претходно и сега е под полициски надзор во болницата каде е сместена.
Британската полиција објасни дека жената и другите четворица биле следени од страна на службеници за борба против тероризмот при тековната истрага.