Британската влада нема да го опструира прифаќањето на законот за одложување на брегзитот

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон се откажа од блокирањето на законот чијашто цел е да се блокира напушањето на Евопската унија без договор, во Домот на лордовите, горниот дом на британскиот парламент.

Доколку законот биде усвоен, Џонсон ќе мора да бара од ЕУ тримесечно одложување на брегзитот, доколку не постигне договор со Брисел до средината на октомври. Британскиот премиер рече дека е против продолжувањето на рокот за напуштањето на Унијата, како и дека е подготвен да ја изведе Велика Британија без договор, доколку тоа е потребно.

Долниот дом во средата со 329 гласови „за“ и 300 „против“ гласаше за законот кој го обврзува премиерот Џонсон од ЕУ да бара продолжување на токот за брегзитот до 31-ви јануари 2020 година, освен доколку парламентот не одобри нов договор или доколку до 19-ти октомври не гласа за излегување без договор.

Конзервативците во Домот на лордовите упатија во процедура низа амандмани за да го спрачт усвојувањето на законот за да спречат усвојување на законот пред суспендирањето на парламентот, коешто стапува на сила во понеделник. Имено, законот треба да го усвои Домот на лордовите, по што треба да го потпише кралицата/

Меѓутоа, рабно во четвртокот, конзервативците во Домот на лордовите објавија дека се откажале од оспорување на законот, Ричард Невби, водач на либерланите демократи во Домот на лордовите, кој понел прекривка во парламентот за да се подготви за ноќната дискусија, рече дека владата се откажала од спротиставување на законот откако доживеала тежок пораз и одбивање на некои од предложените амандмани.

„На другата страна осознаа дека тоа е повеќе отколку вообичаено глупаво и дека изгледаат глупаво и само мораа да изнајдат излез“, рече Невби за радиото BBC.

Британските пратеници во средата го одбија предлогот на премиерот Борис Џонсон за одржување на предвремените избори на 15-ти октомври, а Џонсон од партијата исклучи 21 пратени кои гласаа за парламентарни преземање на контролата врз дневниот ред во средата, си што го загуби мнозинството во парламентот.