Вкупните странски директни инвестиции (СДИ) во Македонија за период од први јануари до 30-ти септември минатата година се на 182 милиони 990 илјади евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
Велика Британија, како странски инвеститор, во вкупната вредност на СДИ се на ниво од 38 милиони 890 илјади евра, веднаш зад нејзе е Австрија со странски инвестиции во земјава од 32 милиони 830 илјади евра. Како најголеми странски инвеститори, на трета позиција е Германија со своите инвестиции во земјава во висина до 15 милиони 630 илјади евра.
Една од најголемите британски инвестиции во земјава секако е успешната компанија „Џонсон Мети. Компанијата најави дека во следните години планира двојно зголемување на извозот. Според менаџментот на компанијата во земјава, условите што се нудат во земјава се добри, а планирано е зголемување и на бројот на вработени.
Германската компанија „Дрекселмаер“ во Кавадарци вработи 4.800 лица, „Џонсон Контрол“ 1.400, „Ван Хул“ над 380. „Кронберт и Шуберт“ во индустриската зона во Битола инвестираа 20 милиони евра, а вработија 3.000 лица.
За оваа година се најавени и десетина други странски инвестиции кои што би требало да ја зајакнат домашната економија, да поттикнат вработување, да го зголемат извозот и во крајна линија да овозможат стабилен економски раст.