Британски медиуми : ЕУ ја понижи Меј , пропадна планот за Брегзит

Британските медиуми денеска го прогласија за пропаднат планот на премиерката Тереза Меј за излез од Европската Унија.

Планот за Брегзит е мртов , а Меј доживеа понижување од првите луѓе на Европската Унија на неформалниот самит во Салцбург. Првите луѓе на ЕУ најавија дека ќе се обидат да се постигне напредок во преговорите за Брегзит следниот месец , но ја предупредија Меј дека очекуваат напредок во ставовите поврзани со трговијата и прашањето за границите со Ирска.

И претседателот на Европскиот Совет , Доналд Туск се надева дека на самитот на лидерите на ЕУ во октомври ќе биде постигнат напредок . Доколку не биде постигнат исклучителен напредок , тогаш нема потреба да се организира специјален самит за Брегзит во ноември, смета Туск.

Британската премиерка , пак , ги замоли лидерите на ЕУ да ги еволуираат своите ставови и го пофали својот план ,,Чекерс” , наречен по нејзината резиденција.

Британските медиуми денеска на насловните страници напишаа дека планот е пропаднат и дека првите луѓе на ЕУ ја навредиле Меј.