Велика Британија во четвртокот излегува на таканаречениот „суперчетврток“, кога се гласа за регионалните парламенти во Шкотска и Велс, за локалните совети во Англија и за градоначалник на Лондон, но сепак вниманието е насочено кон Глазгов бидејќи победникот ќе одлучува за иден референдум за шкотска независност.
Изборите за 129 пратеници во Шкотскиот парламентот на идните пет години одново ги поттикна дискусиите за тоа дали оваа покраина на Обединетото Кралство со 5,5 милиони жители да тргне по сопствен пат, а владејачката партија Шкотска национална партија (SNP) сака да добие зелено светло за нов референдум за незавиност од Велика Британија.
Шкотската национална партија на премиерката Никола Старџен се надева на мнозинство во парламентот во Единбург, бидејќи тоа мнозинство би трабало да го поддржи нејзиниот план вториот референдум за независност да се одржи кон крајот на 2023 година или веднаш по завршувањето на пандемијата на коронавирусот. Тогаш британскиот премиер Борис Џонсон „не би имал ниту демократско, ниту изборни или морално оправдување“ да го блокира референдумот, порача Старџен претходно седмицава.
Меѓутоа, предизборните анкети навестуваат дека SNP, можеби, и нема да оствари јасно мнозинство, па ќе мора да склучува коалиција.
На контроверзниот референдум од 2014 година, чиишто поборници се сомневаат во крајните резултати, 55 отсто од Шкотите гласа „против“ независноста, а британскиот премиер Џонсон сега се противи истакнувајќи дека тој се одржува „еднаш во генерацијата“. Испитување на јавното мнение коешто оваа седмица го спровела консултантската куќа „Savanta ComRes“ покажува дека во моментов резултатот би бил ист, односно дека 49 отсто од Шкотите гласало против независноста а 42 отсто би гласале за.
Поборниците на истапувањето на Шкотска од Обединетото Кралство, коишто ги нарекуваат „индиреф два“ (indyref2), тврдат дека брегзитот, односно истапувањето на Велика Британија од членството во Европската унија, радикално ја променило ситуацијат, бидејќи шкотските стопански гранки – рибарството и земјоделието се тешко погодени со раздружувањето од европскиот блок. Покрај тоа, тие го истакнуваат и решителното водство на премиерката Старџен во пандемијата.
Од SNP тврди дека независноста би создала подобри почесни услови за Шкотска, којашто како независна држава би можела да ѝ пристапи на Европската унија. Меѓутоа, партиите кои сакаат да останат во Британија стравуваат дека новиот референдум би наштетил на закрепнувањето по пандемијата. Даглас Рос, челник на опозициските конзервативци, изјави дека уште еден референдум за независноста би претставувал „одвлекување на вниманието“ од тоа. Лидерот на лабуристите Анас Сарвар истакнува дека Шкотска има потреба од „политичари коишто ќе нѐ обединет како земја, а не да нѐ делат“. Начелно, граѓаните се за независност, но мислам дека сега не е вистинскиот момент, особено не со пандемијата.
Супермнозинство
Поради пандемијата предизборните собири се редуцирани, па партиите сета моќ ја насочија кон телевизиската и интернет кампањата и делење летоци.
„Навистина сме во чудна ситуација: станува збор за важни избори, а јавноста не е вистински во неа вклучена“, вели Кристофер Карман, професот за цивилно општество на Универзитетот во Глазгов.
Изборниот систем е мешовите, па Шкотите може да гласаат двапати: за кандидатот во својата изборна единица и за партија.
Поранешниот лидер на SNP и поранешне шкотски премиер Алекс Салмонд, се надева дека ќе ги привлече гласовите со својата нова партија Alba. Неодамнешните анкети предвидуваат сѐ поголема поддршка за Alba, којашто сака да формира „супермнозинство“, и референдумот за независноста да биде распишан веднаш. Старџен го обвинува дека со тоа се „коцка со иднината на зејата“.
Салмонд и Старџен беа партнери, но односите пукнаа кога Салмонд беше обвинет за сексаулно злоставување и го принуди да остапи. Дополнително тој беше целосно осолободен од обвинението, но односот меѓу нив беше неповратно нарушен и овој нивен спор од минатото би можело да му наштети на движењето за независноста на Шкотска.
Единствените други две партии коишто ја заговараат независноста се Зелените, кои во сегашниот состав на Холирудот (регионалниот парламент), имаат пет пратеници, а тие ја исклучуваат секоја можност за коалиција со Alba. Анкетата којашто ја спроведе YouGov на почетокот од мај покажува дека 72 отсто од гласачите на SNP би ја поддржале коалицијата со Зелените, но 55 отсто од нив не сакаат коалицирање со Alba.
Манифестот на SNP наведува дека независноста би ѝ дозволила на Шкотска да го контролира сопственото стопанство, да создава нови „зелени“ работни места и да ги поддржи технолошките стартап компании. Секторите рибарство и производство на морска храна бараат директен пристап на единствениот пазар на ЕУ, се наведува во манифестот. Конзервативците, меѓутоа, го тврдат спротивното дека независноста „ќе му наштети на шкотското стопанство“.
Локални избори во Велс, Англија, Лондон
Во четврток својот регионален парламент го избира и Велс кој подготвува нови законои во сферите на здравството, образованието, локалната самоуправа, транспортот, социјалните и другите области.
Велшаните ќе избираат 60 пратеници во својот локален парламент „Сенед Камри“, од кои 40 со мнозинси а 20 со пропорционалниот изборен систем.
Меѓу централните прашања на изборната кампања беше начинот накои велшкиот премиер, лабуристот Марк Дрејкфорд се справуваше со пандемијата на коронавирусот. Анкетите им предвидуваат на лабуристите добар изборен резултат, но прашање е дали ќе освојат доволно гласови за самите да ја состават идната влада.
Англија нема свој парламент, па во четврток ќе ги избира 5.000-те членови во 143 градски и општински собранија. Во 13 места ќе се избираат градоначалници, меѓу нив и во главниот град Лондон.
На актуелниот лондонски градоначалник Садик Кан анкетите му предвидуваат нов мандат, но дури во вториот изборен круг во кој веројатно ќе се соочи со конзервативецот Шон Бејли. Бидејќи Кан е по потекло од Пакистан а Бејли од Јамајка, Лондон и на овие избори ќе ја покаже својата мултикултуралност.
Избирачките места во сите три региони се отвораат во 8 часот по средноевропско време, а се затвораат во 23 часот. На гласачките места ќе бидат поставени пластични прегради и гласачите ќе мора да одржуваат растојание и да ги почитуваат другите епидемиолошки мерки.
Околу 48 милиони гласачи се замолени на избирачките места да понесат сопствени пенкала. Гласачите кои нема да можат да гласаат бидејќи се заразени со коронавирусот или биле во контакт со заразено лице па се во самоизолација, ќе можат да овластат друго лице да гласа во нивно име.
Според најавите, првичните резултати се очекуваат во петок, па дури и во сабота.