Уредникот на списанието The Mail on Sunday, британскиот таблоид кој со обајвување на писмо упатено до нејзиниот татко ја нарушил приватноста на поранешната американска актерка Меган Меркл и сопруга на британскиот принц Хари, мора да ѝ исплати 450.000 фунти, односно 520.000 евра, за трошоците во судската постапка, откако таа неодамна го доби спорот.
На рочиштетот одржано во вторникот преку видеоконференција, судијата Марк Варби ѝ наложил на издавачката групација „Associated Newspapers“ да изврши уплата во износ од 450.000 фунти за покривање на судските трошоци. Адвокатот на војвотката од Сасекс, Јан Мил, барал 750.000 фунти.
Адвокатите на весникот рекле дека имаат намера да се жалат на пресудата, а адвокатот на Маркл побара по пресудата изречена минатиот месец на насловната страница на весникот да биде објавено јавно извинување.
Поранешната американска актерка го тужеше издавачот „Associated Newspapers“ кој ги издава весниците The Mail Online, The Daily Mail и неговото неделно издание The Mail on Sunday, за нарушување на приватноста со издавањето на делови од рачно напишаното писмо коешто таа во август 2018 година му го испратила на татко си 76-годишниот Томас Маркл, со кој е во затегнати односи. Таблоидот исечоци од писмото објави во 2019 година.
Меган Маркл писмото го напишала неколку месеци по венчавката со принцот Хари, на коешто нејзиниот татко не се појави поради здравствени проблеми. Во писмото таа од татко си бара да престаен да ги лаже медиумите дека војводата и војвотката од Сасекс наводно ја раскинале врската.
Во недела, на 7-ми март во Северна Америка ќе биде емитувано интервјуто коешто со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркел го направила познатата американска телевизиска водителка Опра Винфри. Тоа ќе биде првото интервју кое го даваат за медиумите војводата и војвотката од Сасекс откако минатата година се доселија во американската сојузна држава Калифорнија.
Пред преселбата, двојката се жалеше на односто на британските таблоиди кон Меган, чијшто татко е белец а мајка ѝ е афроамериканка, а според нив некои постапки ексалирале до ниво на малтретирање и расизам. Бакингемскиот дворец претходно во февруари објави дека Хари и Меган повеќе не може да се вратат на должноста активни членови на британското кралско семејство, од што тие една година претходно се откажаа најавувајќи дека сакаат да се осамостојат.