Министерот за истапувањето на Велика Британија од Европската унија, Доминик Раб, поднесе оставка во четвртокот, откако пред него тоа го стори и министерот за Северна Ирска, Шејлш Вара, чин што во преден план го истакнува предизвикот со кој ќе се соочи премиерката Тереза Меј, во обидот да ја добие поддршката во парламентот за нејзиниот нацрт договор за брегзитот.
„Со жалење морам да кажам дека по вчерашниот состанок на владата за договорот за брегзитот, морам да поднесам оставка“, напиша досегашниот министер Доминик Раба на Twitter. Додева дека планот на премирката Тереза Меј го загрозува интегритетот на Обединетото Кралство.
Пред него, како прв член на владата, оставка поднесе и Шејлш Вара кој го критизираше договорот за брегзитот во своето писмо со оставката, пишувајќи дека тој го остава Обединетото Кралство „на половина пат и без временска одредница кога конечно ќе бидеме суверена нација“. Вара вели и дека не може да го поддржи нацртот на договорот. „Ние сме горда нација и тажен е денот кога сме сведени на почитување на правилата коишто ги донеле други земји, а коишто покажаа дека не им се важни нашите интереси. Ние можеме и мораме подобро од ова“, истакна.
Премиерката Тереза Меј во средата ја доби поддршката од министрите за нацрт-договорот за излегувањето од Европската унија, а во четвртокот подоцна ќе се обиде да ги убеди и парламентот да го прифати.
Пратеникот од малата северноирска Демократска унионистичка партија (DUP), која ја поддржува малцинската британска влада, изјави дека партијата „сигурно“ ќе гласа против планот на премиерката. Запрашан дали DUP ќе гласа против нацрт-договорот, Џим Шејнон во разговорот за BBC Radio Ulster „сугурно дека“ „Се чувствуваме предадено“, рече пратеникот.