Британскиот министер за Северна Ирска се повлекува од парламентарните избори

Британскиот министер за Северна Ирска, Крис Хитон-Харис, нема да се кандидира за реизбор во парламентот, наведува во писмото до премиерот Риши Сунак објавено во неделата.

Хитон-Харис бара од Сунак да му дозволи да остане на функцијата државен секретар за Северна Ирска до општите избори, според писмото што го објави на социјалната мрежа X.

Му порачува на премиерот дека ќе продолжи со кампањата за Конзервативната партија на следните избори, каде што „ќе направи сѐ што може за да го врати на премиерската позиција“.

Конзервативците на Сунак заостануваат зад опозициската Лабуристичка партија во анкетите пред националните избори што треба да се одржат оваа година.

Првпаат избран во 2010 година, Хитон-Харис беше назначен за министер за Северна Ирска од тогашната премиерка Лиз Трас во септември 2022 година, и повторно назначенод Сунак, кој ја наследи следниот месец.

Според неговата веб-страница, Хитон-Харис има позиции во владините оддели, вклучително и транспорт, надворешни работи и развој на Комонвелтот.