![maxresdefault](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/maxresdefault-1.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Британскиот медиумски регулатор ја одзема во четвртокот лиценцата за емитување на кинескиот телевизискиот канал, оценувајќи дека Комунистичката партија на Кина го има конечниот збор во уредувачката политика, додека Пекинг официјално се жалеше на наинот на кој британскиот јавен редиодифузен сервис BBC известува во врска со пандемијата на Covid-19
Лондон и Пекинг со месеци наназад разменуваат обвинувања поради задушување на протестите во Хонгконг, поради технологијата на кинескиот технолошки гигант „Huawei“ и наводните безбедносни импликации од користењето на нејзината технологија во новата генерација мобилни комуникациски мрежи 5G, како и кинеското третирање на муслиманската етничка заедница Ујгури, чии припадници Пекинг ги обвинува за серија терористички напади во Кина и дека се зврзани со џихадистичките групации во регионот.
Британскиот регулатор Ofcom, кој наведува дека спровел истрага и заклучил дека телевизискиот канал China Global Television Network’s (CGTN) всушност го контролира Комунистичката партија на Кина.
„Нашата истрага покажа дека лиценцата за China Global Television Network’s (CGTN) е во рацете на ентитет кој нема уредувачка контрола над својата програма. Не можеме да го одобриме барањето за лиценца на кинеската корпорација, бдиејќи ја контролира Комунистичката партија на Кина, што не е дозволено според британските закони за електронските медиуми“, наведуваат од Ofcom.
Кина набрзо по ова соопштене поднесе „остар приговор“ притив BBC поради неговиот начин на покривање на пандемијата на Covid-19 кое ги смета за „лажни вети“ и побара јавно извинување.
Кинеското министерство за надворешни работи се жалеше на прилогот на BBC од 29-ти јануари за коронавирусот, тврдејќи дека бугарската телевија ја „поврзал пандемијата со политиката“ и за „повторување на теоријата за кинеското забошотување“ на пандемијата.
Како што се истакнува во приговорото, BBC тврди дека кинеската Комисија за превенција од вирусот користела насилство во спроведување на законот, а Пекинг повторно појаснува дека станува збор за снимка од антитерористичка вежба.
Пекинг ја повика BBC да престане да биде идоолошки пристрасен, да престане да ја клевети Кина и чесно, професионално и етички да известува за Кина.
Од BBC не сакале да коментираат случајот на барање на агенцијата Reuters, како и на други медиуми.