![koronavirus bih](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/koronavirus-bih-1.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Во Сараево изминативе денови е откриен британскиот сој на коронавирусот, пренесуваат локалните медиуми.
Како што наведуваат, странски државјанин кој престојувал во Сараево како турист бил заразен со британскиот вид на коронавирусот.
Тој е третиран како асимптоматски случај, но PCR тестот го потврди присуството на вирусот.
По позитивниот наод, направено е секвенционирање на вирусот на Факултетот за ветеринарна медицина во Сараево, каде што е утврден нов вид кој досега не бил регистриран во БиХ.