‘Британскиот Трамп’, претседателот на САД го поздрави изборот на Џонсон за премиер

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека „тешкиот’“ и „умниот“ Борис Џонсон на премиерската должност е она што ѝ е потребно на Велика Британија.

„Борис Џонсон е добар човек, тој е тежок, но паметен. Го нарекуваат ‘британскиот Трамп’, и луѓето велат дека тоа е добро. Тие таму ме сакаат мене, и тоа е она што тие го сакаат, и што им е потребно. Тој ќе стори сѐ. Борис е добар, и тој ќе ја заврши својата работа“, рекол американскиот претседател Доналд Трамп во говорот на конзервативната конференција на средношколците „Turning Point USA“ во Вашингтон.

Трамп рекол дека меѓу присутните и говорниците на споменатата конференција на конзервативната младите е и челникот на британската партија Брегзит, Најџел Фараж еден од најголемите поборници за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија.

„Мислам дека тој е тука некаде, го видов… Тој доби од чисто небо 32 отсто од гласовите. Тој одлично работи, и јас знам дека добро ќе соработува со Борис“ Џонсон, рекол Трамп обидувајќи се да го здогледа Фараж во масата.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во вторникот му честиташе на Борис Џонсон на изборот за челник на британските конзервативци и воедно на владата во Лондон.

Претходно во вторникот беа објавени резултатите од изборите за челникот на Конзервативната партија, а со тоа и на новиот премиер на Велика Британија, на кои убедливо мнозинство освои поранешниот шеф на дипломатијата и во два мандата градоначалник на Лондон, Борис Џонсон.

Изборите следеа откако конервативката Тереза Меј во јуни се повлече од премиерската должност, откако наиде на отпор меѓу нејзините Ториевци за договорот за брегзитот кој таа го испреговара со ЕУ, а кој трипати беше одбиен од британскиот парламент. Официјално Меј оставката ќе ја поденсе во среда попладнето, по што на чело на владата ќе стапи Џонсон.