Британските експерти апелираат на брзо дејствување против омикронот

Британските здравствени стручњаци ја истакнуваат важноста од брзо дејствување за да се спречи ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2.

Дел од научниците советници на британската влда во бнеделата, ден по состанокот на кој беше заклучено дека е „речиси сигурни“ дека секој ден стотици илјади луѓе во Англија се заразуваат со омикрон сојот, повикаа на броз дејствување за да се спречи уште побрзото ширење на оваа варијанта на коронавирусот.

Владината медицинска советодавна група SAGE објави дека верува оти приемите во болниците со оваа варијанта веројатно е десет пати поголеми од официјалните показатрелим, бидејќи болниците доцнат со извештаите. Членот на SAGE, сер Дејвид Спигелхалтер, изјави дека е клучно навремено да се дејствува.

„Не можеме да чекаме хоспитализациите да експлодираат пред да сториме нешто, бидејќи тогаш тоа ќе биде претешко“, дададе Спигелхалтер.

Тој во неделата предупреди дека дополнителните „бустер“ дози од вакцините протов Covid-19 нема да имаат „голем ефект“ во поблиска иднина, бидејќи е потребно време да се изгради имунитетот.

Истовремено е објавено британско истражување коешто покажува дека омикрон варијантата би можела да биде помалку опасна во напаѓањето на белите дробови отколку претходните варијанти на коронавирусот.

Студијата на Институтот за тераписка имунологија и заразни болести од Кембриџ заклучила дека мутациите на шилците на коронавирусот (S-протеинот), поради кои омикрон сојот може да ги избегне антителата, исто така, можат да го ограничат начинот на кој вирусот се реплицира во белите дробови, што е поврзано со развојот на тешките форми на болеста.

„Овие заклучоци укажуваат на тоа дека омикрон развил способноста за избегнување на имуносниот систем, но истовремено е загрозена неговата способност за реплицирање и неговата патогеност“, се наведва во студијата која ги потврдува резултатите од истражувања објавните претходните денови.