Британските пратеници во средата остро ги критикуваа британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден поради падот на Авганистан во рацете на талибаните, оценувајќи дека станува збор за пропуст на разузнавачките служби, недостиг од водство и за крахирање на моралната должност.
Зборувајќи на вонредната седница на британскиот паралемент, премиерот Борис Џонсон рече дека на талибаните треба да им се суди според нивните делови а не според изјавите, откако милитантите се обидоа да ја уверат светската јавност дека нема да се одмаздуваат по дведецениската војна.
Но ни цела минута по воведното обраќање, Џонсон беше прекинат од пратеник од неговата Конзервативна партија кој остро го критикуваше. Џонсон, кој во саботата замина на годишен одмор за да се врати кога во талибаните се приближија и почнаа да навлегуваат во авганистанската престолнина Кабул, челникот на опозициските лабуристи Кеир Стармер го обвини за „неодговорно лидерство“.
„Постоеше извонредно погрешна поцена на отпорноста на авганистанските сили и вџашувачко самозадоволство на нашата валда кога станува збор за талибаните“, рече Стармер.
Поранешната премиерка од редовите на конзервативците Тереза Меј, исто така, запраша како Велика Британија толку погрешно ја проценила моќта на талибаните, кои со молскавична офанзива во саботата го заземаа Кабул.
„Дали нашето разбирање на авганистанската влада било толку лошо? Дали нашето сознание за ситуацијата на теренот било толку несоодветно? Или само сме чувствувале дека треба да ги следиме САД и да се надеваме дека сѐ ќе биде во ред?“, го праша Меј својот наследник на должноста.
Неколку пратеници се насочија на американската одлука за повлекување и на критиките на Бајден за авганистанските сили кои главно отстапуваа без борба и им се предаваа на малубројните талибаните. Џонсон притоа призна дека Лондон, по американската одлука за повлекување, немал избор освен да го стори истото.
Конзервативниот пратеник Том Тугендат, кој е и претседател на парламентарната комисија за надворешни работи и кој служел во Авганситан, во Долниот дом рече дека тој како и другите ветерани чувствува гнев и тага.
„Гледав како умираат дообри луѓе и со себе под земјата носат дел од мене и дел од сите нас. Срамно е проблематизирањето (од страна на Бајден) на храброста на луѓето кои се бореа со мене и срамно е да се тврди дека побегнале. Оние коишто никогаш не се бореле би требало да бидат претпазливи кога ги критикуваат оние кои се бореле“, истакна британскиот пратеник.
Велика Британија вети дека ќе прифати до пет илјади Авганистанци во првата година од новата програма за доселување, со коишто вкупно ќе бидат опфатени 20.000 лица. Приоритет ќе имаат жените, девојчиња, релегиски и други малцинства.
Меѓутоа, лабуристичкиот пратеник Крис Брајант повика оваа програма да се забрза. „Што ќе се прави со другите 15 илјади? Да се чека додека не бидат ликвидирани?“, праша.