Најголемата светска социјална мрежа со намера ги прекршила прописисте за заштита на приватните податоци и пазарното натпреварување и заедно со другите големи технолошки компании новиот регулатор би требло да ја надлгедува поради заштита на демократијата и правата на граѓаните, соопштија во понеделникот британските пратеници.
Во критички интонираниот извештај на сметка на основачот и извршниот директор на Facebook, Марк Цикерберг, поради неговата неодговорност и недостиг од водство, комисијата на британскиот парламент за медиуми, култура, спорт и дигитално работење вели технолошките компании ефикасно не го спречиле објавувањето на штетната содржина на своите платформи. Тоа вклучува дезинформации, обиди на други држави да влијаат на ибориет, како и опасност за личните и приватни податоци.
„Неопходен е радикален пресврт во рамнотежата на моќта меѓу луѓето и платформите“, изјави претседателот на комисијата Демиен Колинс и предупреди дека минало времето на несоодветната саморегулација.
По 18-месечната истрага комисијата заклучила дека Facebook „сакајќи и свесно го кршел законот за заштита на приватноста и законот за пазарно натрпеварување“. „Правата на граѓаните мора да бидат утврдени со статут, од технолошките компании мора да се бара да го почитуваат кодексот на однесување кој го донесе парламентот, а мора да го надлгедува независен регулатор“, се додва во извештајот.
Од Facebook ги отфрлаат наводите за кршење на законите за заштите на приватните податоци и пазарното натпреварување и заедно со комисијата се загрижени поради објавувањето на лажните вести.
„Отворени сме за надзор од регулаторото и ги поддржуваме препораките на комисиајта за реформа на изборниот закон“, изјави Карим Палант, менеаџер а јвабн политика на Facebook во Велика Британија. Истакна дека компанијата го поддржува законото „кој за компаниите предвидува високи стандарди во користење на податоците и транспарентноста за корисниците“.
Парламентарците во Европа и во САД се залагаат за заштита на милионите корисници од опасностите на коишто се изложени на платформите. Во тоа предничи Германија по минатогодишниот скандал со британски „Cambridge Analytica“, компанија којашто е одговорна за тоа што десетици милиони профили на Facebook биле користени во политички истражувања без согласност од корисниците. Надлежното германско тело во февруари му нареди на Facebook да ги намали количеството податоци кои ги собира од своите корисници во оваа земја.
Американскиот сенатор Марко Рубио минатиот месец предложи закон со кој Американците би добиле поголема контрола над податоците кои ги собираат компаниите какп што се Facebook и Google.
Facebook беше прозван кога лани „свиркачот“ Кристофер Вило објави дека консултантската компанија „ Cambridge Analytica“ во 2014 година преку псијхолошки прашањлници на кои одговориле 270.00 лица собрала податоци за 87 милиони корисници на Facebook. На оваа британска компанија ова ѝ овозможило да создаде база од податоци, пред да биде ангажирана, меѓу другите, и од екипата која ја водеше кампањата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
Цукерберг минатата година се извини проади „злоупотребената доверба“, но во три наврата одби да се појави пред британските пратеници кои таквото негово однесува го оценија како „презир“. „Марк Цукерберг континуирано не покажува ниво на челништво и лична одговорност потребна за личноста којашто извршува највисока должноста во една од најголемите компании“, коментираше Колинс.
Во Facebook, меѓутоа, тврдат дека соработувале во истрагата и оти одговориле на повеќе од 700 прашања. Компанијата наведува дека спровела битни измени во работењето, како и дека вложува големи напори во идентификувањето на штетните содржини. „Пред нас има уште многу работа, но ние веќе не сме истата компанија од пред една година“, рече Палант.