Познатата поп пејачка Бритни Спирс ослабе и се пофали со фотографија на социјалните мрежи.
Вишокот килограми на Бритни Спирс на снимањето на спотот со Иги Азалеа беше топ тема изминативе неколку месеци.
Речиси сите обожаватели и замерија на познатата поп пејачка, затоа што на фотографијата со нејзината колешка јасно се гледаше дека Бритни фрлила некој килограм плус.
Од тогаш Бритни се пушти во акција, напорно вежбаше и внимаваше на исхраната за конечно да ги воодушеви нејзините обожаватели со фотографијата од одморот со нејзините два сина.
Фотографијата е сосема природна, не е обработена и покажува дека Бритни Спирс ослабе и дека нејзиното тело е доста постегнато од претходно.
Многумина велат дека Бритни никогаш не изгледала подобро од порано.