Бриж го изненади Зенит, Јувентус рутински во ЛШ

На отворањето на новаа сезона во фудбалската Лига на шампионите Клуб Бриж во средбата од Групата Ф во Санкт Петербург го победи Земит со 2:1, додека во дуелот од Групата Г во Киев Јувентус рутински со 2:0 го совлада Динамо.

Новата сезона од елитното континенталното натпреварување започна со изненадување. Зенит беше голем фаворит во дуелот со Бриж, но белгискиот претставник ги освои трите бода, а победничкиот погодок го постигна во третата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Белгискиот првак поведе во 63 минута со голот на Емануел Денис. Шарл де Кетелаер двапати шутираше од близина, но двапати блокираше Јаросла Ракитски. Сепак, третиот обид на Денис заврши во мрежата на рускиот претставник. Играчите на Зенит жестоко протестираа барајќи прекршок од Денис на почетокот од акцијата, но францускиот судија Беноа Бастиен покажа на центарот.

Зенит израмни во 74 минута, откако хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен одлично шутираше од 25 метри, топката ја погоди стативата и до грбот на гостинскиот голман Етан Хорват се одби во мрежата.

Кога веќе изгледаше дека дуелот ќе заврши без победник, Де Кателаер ги шокираше домашните, од акција која се одвиваше во четири потега,

Во вториот натпревар од оваа група уште се среќаваат Лацио и Борусија Дортмунд.

Во првиот меч од Групата Г, Јувентис без Кристијано Роналдо кој е позитивен на коронавирусот, во Киев го понеди Динамо со 2:0. Двата погодока ги постигна Алваро Мората, во 46 и во 84 минута, а торинската „Стара дама“ можеше и поубедливо да слави.

Јувентус победи на почетокот од второто полувреме. Дејан Кулушевски шутираше на противничкиот гол, Георги Бушчан одбрани кусо одбивајќи ја топката, а Мората ја спроведе токпата во мрежата. Шпанскиот напаѓач ги реше дилемите околу победникот со својот втор погодок на асистенција на Хуан Квадрадо.

Во вториот меч од оваа група играат Барселона и Ференцварош.