Помошниците на францускиот претседател Емануел Макрон, инсистираат улогата на неговата сопруга да биде строго јавна, а не политичка.
Жената на францускиот претседател, Брижит Макрон, нема да добие официјална титула на „прва дама“ ниту сопствен буџет, рече француската влада по петицијата против предложената промена за нејзиниот статус.
„Повелба за транспарентност“ ќе биде објавена во следните неколку дена за да се разјасни позицијата на сопругата на Емануел Макрон, но претседателските помошници инсистираат нејзината улога да биде строго јавна, а не политичка.
Од Елисејската палата не дадоа официјална изјава, но официјалните претставници беа принудени да реагираат откако петицијата што се спротивстави сопругата на претседателот да добие официјална титула, статус и буџет, беше потпишана од повеќе од 275.000 луѓе за две недели.