Брнабиќ и Стефановиќ демантираа поврзаност на власта со случајот со марихуаната од Јовањица

Српската премеирка Ана Брнабиќ и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ демантираа дека државата и властите се поврзани со случајот со окриената марихуана на земјоделската задруга Јовањица.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, премиерката Ана Брнабиќ синоќа го повика обвинителството да се огласи за обвиненија од потпретседателот на Народната партија (НС), Мирослав Алексиќ, дека Предраг Колувија, сопственик на земјоделското задруга „Јовањица“ во Стара Пазова, каде е пронајдена голема количина марихуана, по апсењето го повикал братот на српскиот претседател Андреј Вучиќ. Таа во Собранието на Србија, одговорајќи на прашања на пратениците, изјави дека опозицијата нон стоп фабрикува лаги, афери и обвиненија на сметка на претседателот Александар Вучиќ, неговата фамилија и владата, апелиријаќи дека доколку се утврди дека овие тврдења се невистинити, Алексиќ да биде обвинет за „лагите кои ги изнесува“.

Се огласи и братот на Александар Вучиќ, Андреј, кој најави кривична пријава против Алексиќ, барајќи од полицијата да ги утврди листинзите на сопственикот на Јовањица.

И Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ ги оцени како „апсолутна лага“ наводите на Мирослав Алексиќ дека по апсењето на сопственикот на имотот Јовањица, најпрво го повикал Андреј Вучиќ и дека самиот Стефановиќ бил меѓу честите контакти во телефонот на сопственикот Предраг Колувија.

-Друга голема лага. Слушнав како тие споменуваат дека, наводно, јас или братот на претседателот сме вклучени во ова или имаме контакт со овие луѓе. Тоа е апсолутно болна измислица,изјави Стефановиќ.

Потпреседателот на НС, Мирослав Алексиќ, покрај обвинувањата за повраноста на Андреј Вучиќ изјави дека „станува збор за голема државна зделка која режимот сака да ја затвори со апсењето на непосредните извршители.“

Алексиќ додаде дека производството на марихуаната се одвивало во „Јовањица“ кога министерот Александар Вулин и директорот на Коридорите на Србија Зоран Бабиќ ја посетиле фармата, која била рагистрирана и на која се одгледувало органска храна , а како доказ за ова тврдење покажа фотографија од стебло на индијски коноп од „Јовањица“, стар меѓу четири и пет години, користен за пресадување.

Алексиќ наведе дека во Јовањица се произведувало и масло канабис кое со декларација „произведена во Холандија“ се извезувало во Македонија преку компанијата на Колувија, а потоа во Холандија и други земји каде што е дозволено негово користење и продавано по цена од 349 евра по шише, а како доказ за ова тврдење тој покажа фотографија од шише со маслото од канабис запленето на „Јовањица“.

-Колувија отвори компании во Македонија и во Словенија затоа што доби лиценца за извоз на индустриски коноп. Во Словенија ја отвори компанијата ‘Balkan grow’, која се води на Александар Трифуновиќ, а во Македонија” THC Quality Group “. Маслото од канабис се извезувало преку овие фирми. Колку кутии со масло од канабис се пронајдени во „Јовањица“ и колку заработи Колувија од тој извоз, праша Алексиќ.

Алексиќ додаде и дека полицијата при акцијата на 12 ноември не пријавила 600 килограми марихуана запленета на „Јовањица“ која била спакувана во пакувања во кои пишувало „Косово“.

-Режимот прво се обиде да го прикрие целиот случај во медиумите….Кога не успеа да го стори тоа, тргнаа во медиумска офанзива да го претстават случајот како решен и да ја стават целата вина на Колувија, и да ги сокријат вистинските организатори на работата од врвот на државата и СНС , рече Алексиќ.