Брнабиќ: Вчера беа покажани помалку застрашувачките фотографии, не се ништо споредено со оние што се пројандени

Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, истакна дека на вчерашната прес-конференција биле прикажани „помалку застрашувачки фотографии“.

За време на прес-конференцијата беа прикажани застрашувачки фотографии, кои се доказ за убиствата на групата на Вељко Беливук.

„Ова се некои од помалку застрашувачките фотографии и тие не се ништо во споредба со она што е пронајдено“, рече Брнабиќ.

Таа посочи дека е важно граѓаните да разберат против кого се кренала државата и дека е важно да се покаже колку сурови биле овие луѓе.

„Постои група на луѓе кои се вмрежени и политички и во медиумите, како и делумно со странски служби, а делумно и со судството“, рече премиерот

Како што додаде, целта на оние кои реагирале негативно на вчерашната конференција е да го отстранат Александар Вучиќ од власта, „но не на избори, затоа што не можат да го победат на избори“, рече Ана Брнабиќ.