Брнс за „Рекет“: Ова се сериозни обвиненија, потребен е навремен и сериозен одговор

Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнс, на својот Твитер налог уште еднаш побара навремена и темелна истрага за аферата Рекет.

,,Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да ја покаже заложбата за придржување кон владеењето на правото“, напиша американската амбасадорка.

Еврокомесарот Хан вчера, исто така на Твитер, порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи.

„Северна Македонија: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања“, напиша Хан.