Ние сме навистина разочарани од фактот што Република Северна Македонија не ги започна пристапните преговори за членство во Европската унија и постојано ја испраќаме пораката дека земјата е подготвена и ги има исполнето сите услови потребни за влез во ЕУ.
Ова го нагласи американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз, одговарајќи на новинарско прашање дали САД очекуваат засилени средби меѓу политичарите и засилена комуникација Скопје-Софија откако Република Северна Македонија не доби зелено светло за почеток на преговорите.
“Ќе продолжиме со нашите дипломатски ангажмани и во иднина, а го истакнуваме ставот дека иднината на Република Северна Македонија е во продолжување на процесот за членство во ЕУ”, изјави амбасадорката Брнз.