Бројката починати од коронаворусот во Франција надмина 24.000

Бројот на жртвите од новиот тип коронавирус во Франција во средата надмина 24 илјади луѓе, откако во последните 24 часа се забележани уште 427 смртни исходи, соопшти министерството за здравство.

Како што се наведува во соопштението, од 1-ви март француските здравствени власти заклучно со состојбата на 29-ти април, регистрирано 24.087 смртни случаи поврзани со респираторната болест Covid-19, која ја предизвикува новиот тип коронавирус.

Притоа се наведува дека 15.053 лица починале во болниците, а уште 9.043 меѓу жртвите се штитеници на домовите за стари лица и други медицинско-згрижувачки установи.

Во болниците се згрижени уште 26.834 пациенти, што е за 650 помалку отколку во вторникот. Во последните 24 часа во болниците се примени 1.070 нови пациенти, истакнува министерството за здравство.

На одделите за интензивна грижа се наоѓаат 4.207 чица заразени со коронавирусот. Во последното деноноќие оваа бројка е намалена за 180 пацеинти.