Бројката загинати во нападот на центарот на Јеховините сведоци во Германија се зголеми на осум лица

Осум лица загинаа во пукањето во центарот на Јеховините сведоци во Хамбург во четвртокот вечерта, меѓу кои и осомничениот напаѓач, соопшти во петокот полицијата, првпат официјално објавувајќи го бројот на жртвите.

Напаѓачот пукал во „учесниците на настанот“ организиран од таа заедница, соопшти полицијата, додавајќи дека се повредени повеќе луѓе, „некои тешко“.

Во петокот германската полиција го истражува мотивот на напаѓачот за кого не се познати повеќе детали. Но, весникот Spiegel пишува дека се верува дека напаѓачот бил член на заедницата на Јеховините сведоци. Тој, повикувајќи се на неименувани извори, додава дека имал меѓу 30 и 40 години и дека претходно не ѝ бил познат на полицијата како екстремист.

Полицијата во Хамбург треба да се обрати до медиумите со повеќе детали напладне, пишува Reuters.

„Лоши вести од Хамбург“, напиша канцеларот Олаф Шолц на Twitter рано во петокот, нарекувајќи го нападот „брутален чин на насилство“.

Вели и дека неговите мисли се со жртвите, нивните семејства и членовите на безбедносните сили, кои, како што рече, извршувале „тешка задача“ од пукањето, кое се случи околу 21 часот.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер напиша на Тwitter дека властите работат брзо на истрага на злосторството.

Германија има некои од најстрогите закони за оружје во Европа, а министерот за внатрешни работи кон крајот на минатата година рече дека владата планира дополнително да ги заостри.

Во соопштението на својата веб-страница, Јеховините сведоци велат дека заедницата е „длабоко погодено од ужасниот напад врз неговите обожаватели во Салата на Царството во Хамбург по службата“.