![indonezija 03](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/indonezija-03-1.jpeg?resize=696%2C469&ssl=1)
Најмалку 318 луѓе ги загубиле животите во неодамнешниот земјотрес со магнитуда што ја погоди Индонезија, објави во саботата Националната агенција за управување со катастрофи.
Претходната официјална информација говореше за 310 жртви. Според агенцијата, во последното деноноќие биле пронајдени телата на уште осум загинати, а уште 14 лица се водат како исчезнати.
Според истиот извор, повеќе од 7.700 жители се ранети, а над 73.000 сѐ уше не можат да се вратот во своите домови, кои се уништени или тешко оштетени во потресот со магнитуда 5,6 според Рихтер кој на 21-ви ноември ја погоди индонезиската покраина Западна Јава.
Епицентарот бил на околу 75 километри југоисточно од индонезиската престолнина Џакарта, на длабочина од 10 километри, објави тогаш националниот метеоролошки и геофизички завод BMKG.
Земјата со повеќе од 270 милиони жители е често погодена од земјотреси, вулкански ерупции и цунами, поради нејзината локација на лакот од вулкани и раседни линии во пацифичкиот басен.
Архипелагот сѐ уште го памети земјотресот од 26 декември 2004 година со јачина од 9,1 степени во близина на Суматра, кој предизвика големо цунами. Во тоа време, 230.000 луѓе загинаа во регионот, од кои речиси 170.000 во Индонезија. Повеќе од 550 луѓе загинаа во 2018 година од силен земјотрес што ги потресе островите Ломбок и Сумбава. Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Сулавеси таа година, при што загинаа најмалку 4.300 луѓе. Стотина луѓе загинаа во јануари во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтер на островот Сулавеси, кој уништи многу згради во крајбрежниот град Мамузу.
Во овој дел од светот се наоѓаат најактивните тектонски плочи, од кое едната се движи со брзина од седум сантиметри годишно. Годишно сеизмолозите регистрираат меѓу шест и седум илјади потреси со магнитуда над 4,0. Папуа Нова Гвинеја, како и соседните како и двата најголеми светски архипелага Индонезија и Филипини, се дел од ткн „Пацифички огнен прстен“, плоча која е формирана на дното од Индискиот и западниот дел од Тихиот Океан, која на ова место навлегува под Азиската плоча. Како резултат на движењето на овие две плочи на териториите на овие две земји се чести земјотресите и вулканските ерупции. Со тоа овој регион е една од сеизмички најактивните зони на планетата.