Бројката заразени со коронавирусот во светот надмина 900.000, во САД најмладата жртва

Бројката заразени од новиот тип коронавирус во светот се зголемува од минута в минута и достигна 911.308 заразени, додека бројот на починатите се зголеми на 45.497 луѓе, според податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“ од американската сојузна држава Мериленд, објавени во средата вечерта.

Заразата со коронавирусот ширум светот не забавува, со тоа што епицентарот на заразата од источна Азија изминатите седмици се пресели во Европа и САД, Универзитетот „Џонс Хопкинс“, исто така, на својата интернет страница објави дека бројот на официјално потврдените оздравени лица од Covid-19 достигнал 191.673 лица.

Додека најголемиот број заразени во моментов се во САД, повеќе од 200.000, најголемиот број починати и натаму го бележи Италија. Во ова земја досега се забележани 110.574 случаи на зараза, додека починале 13.155 луѓе. Италијанските здравствеи власти веруваат дека епидемијата во земјата го достигнала врвот, откако првиот случај на Covid-19 во Италија беше официјално потврден на 31-ви јануари, пред 59 дена.

Шпанија е втората европска земја којашто ја следи „во стапка“ Италија, како по бројот на заразените така и по смртните исходи. Таму досега се забележани 102.136 заразени, од кои починале 9.053. Во Шпанија првиот заболен со Covid-19 беше забележан на 1-ви февруари, ден по Италија. На главниот мадридски плоштад Пуерта дел Сол знамињата се спуштени на половина копје а секој ден напладне се одржува минута молк во спомен на сите починати, иако и овој простор со денови е пуст.

Третата најпогодена европска земја е Германија со 76.544 заразени, потоа следи Франција со 52.870, а потоа Велика Британија со 29.842 заразени. Од овие земји најголема смртност од коронавирусот бележи Франција со 3.532 починати, додека во Германија оваа бројка сѐ уште е под контрола и изнесува 858 лица, бројка на којашто со 828 починати ѝ се приближува многу помалата Белгија. Британија го забележа денеска најцрниот ден со 563 починати, или вкупно веќе 2.352 лица.

Иако вкупниот број заразени случаи во САД надмина 200.000 а бројот на починатите изнесува 4.361 човек, Томас Инглсби, директор на Центарот за безбедност на здравјето при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ предупреди дека заразата со коронавирусот во земјата е само на својот почетокот.

Во средата во сојузната држава Конектикат е забележана најмладата жртва од коронавирусната инфекција Covid-19 – eдно и пол месечно момченце, соопшти гувернерот на државата Нед Ламонт.

„Со длабока тага денеакс можеме да ја потврдиме првата смрт на новороденче во Конектикат, поврзана со Covid-19. Новороденчето на возраст од шест седмици во областа Хартфорд беше донесено во бесознание во билнцата кон крајот на минатата седмица, но не можеше да му се спаси животот “, напиша гувернерот Ламонт на Twitter.

Според гувернерот, тестот покажал присуство на коронавирусот.

„Сметаме дека ова е еден од најмладите животи загубени, каде и да е, како резултат на компликации поврзани со Covid-19“, додав Ламонт без да наведе поединости.

Градот Њујорк, американската финансика престолнина, е најпогодениот град во САД,. Тамошните власти започнаа да поставуваат полски болници за да го зголемата капацитетот во очекување на кулминацијата на епидемијата. Првиот случај во Њујорк беше забележан на 1-ви март, а набрзо стана жариште на епидемијата во САД.